Од 1 октомври 2014 година, сите Регионални дирекции на УЈП ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.
Во соопштението од УЈП се нагласува дека поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите – објаснуваат од УЈП.
И регионалната дирекција Кавадарци од 1 октомври годинва ќе работи со продолжено работно време. Од понеделник до петок од 8.30-18.00, а во саота од 08.30 до 14 часот.
Продолженото работно време за даночните одделенија на Управата за јавни приходи во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија ќе почне да се применува од 1 јануари 2015 година.
А.Д
Додади коментар