Реакција од управата на ГФК „Тиквеш“
23-04-2018 СПОРТ

 

По вчерашниот состанок на кој присуствуваа раководството и играчите на ГФК Тиквеш, сакаме да ставиме точка на обвинувањата со кои се соочуваме - велат од управата на ГФК Тиквеш.


По  утакмицата помеѓу ГФК Тиквеш и ФК Борец 1919 на која за жал нашиот тим изгуби со резултат 1:3 не стивнуваат реакциите за наводно наместена утакмица. Ваквите неосновани обвинувања само ставаат темна дамка на македонскиот фудбал. Целото раководство на ГФК Тиквеш заедно со играчите со максимални сили се обидува да го придвижи кавадаречкиот фудбал кон посветли денови. Играчите напорно работат за да постигнат добри резултати а раководството се обидува да го менаџира тимот се со цел наредната година да влеземе во прва лига.

 

Оваа години ГФК Тиквеш ќе биде гостин во Германија кај Шалке 04 на 4 дневни припреми, ова гостивање е од голема важност за нашиот тим.
Ваквиот резултат од вчерашниот натпревар за нас претставува уште поголем мотив за напорни тренинзи кои ќе резултираат со големи победи во иднина.


Неоснованите обвинувања упатени кон раководството целосно ги отфрламе и нашата енергија ќе ја насочиме кон, како што рековме, постигнување на подобри резултати. Од вас, драги сограѓани , ја бараме целата поддршка и поголема посетеност на фудбалските натпревари. Вашата поддршки на нашите млади играчи ќе им даде поголем мотив за победи.


ГФК Тиквеш не учествува во никакво двојни игри за наместени утакмици, ГФК Тиквеш го враќа сјајот на кавадаречкиот фудб - се вели во ракцијата од управата на ГФК „Тиквеш“ Кавадарци.



Share

Додади коментар