Со писмена реакција се огласи претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци и советник во кавадаречкиот совет Зоран Јованчев по денешната прес конференција на ОО на СДСМ за оставка поради кривична пријава за кражба на вода од Лукар.
(интегрален текст)
Поради наводната кривична пријава која што е поднесена од страна на ПС Кавадарци, сакам да ја информирам јавноста дека се работи за класичен политички прогон се со цел моја лична дискредитација и дискредитација на партијата која што ја водам во Кавадарци.
Целосно демантирам дека било кога сум бил поврзан на водоводниот систем Лукар. Ги охрабрувам институциите во државата, обвинителството и суството под итно да ја расчистат оваа пријава до крај, бидејќи со вистината мора да бидат граѓаните запознаени во целост.
По завршувањето на целиот овој монтиран случај од моја страна ќе следат соодветни кривични пријави спрема нарачателите конструкторите и партиските ширачи на невистини и манипулации - пишува Јованчев.
Додади коментар