Реакција од ОО СДСМ Кавадарци
01-10-2021 РЕГИОН

Со писмена реакција на денешната прес конференција од кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ Петар Николов, се огласија од ОО на СДСМ Кавадарци...

 

 

(интегрален текст) Проектот за изградба на регионален откупен центар е реален проект, согласно потребите и проблемите на лозарите.

Со изградбата на регионалниот откупен центар, ќе се привлечат купувачи од регионот, да доаѓаат и да го купуваат грозјето, да се зголеми побарувачката за грозје во овој регион.

Со ова се решава проблемот со вишокот на грозје, со несигурниот откуп и со ниските откупни цени.

За тоа кој ги лаже и ги манипулира лозарите во Кавадарци, зборуваат бизнис интересите на кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, Митко Јанчев со винарските визби.

Имено компанији во сопственост на Митко Јанчев профитира од соработката со една винарска визба во Кавадарци.

Покрај оваа бизнис соработка, повеќе од  1.000 тони, со пониски шеќерни единици од оние кои важат за сите останати лозари, има предадено во винариите Митко Јанчев.

Така ВМРО- ДПМНЕ и Митко Јанчев се грижат за потребите на лозарите.

Единствен проект кој на Митко Јанчев не беше финансиски поддржан од страна на Владата на СДСМ беше проектот за изградба на фабрика за алкохолен дестилат во Кавадарци.

Тој проект “успешниот” менаџер  Митко Јанчев, не најде начин, финансиски средства, за да го реализира. 

Без поддршка од Владата, толку “способен” и “добар” менаџер е Митко Јанчев.

 



Share

Додади коментар