Реакција на стрелачки клуб „Кавадарци“ за написите во врска со пресудата на Благој Пешиќ
13-12-2019 РЕГИОН

Стрелачкиот клуб „Кавадарци“ денеска испрати писмена реакција за последните написи во медиумите и социјалните мрежи во врска со пресудата за Благој Пешиќ.

 

(интегрален текст) СК „Кавадарци е згрозен од пишувањата и осудите кон тренерот Благој пешиќ и одлуката на судот за осум годишната казна, која сметаме дека треба да е ослободителна и вистината ќе се докаже.

 

Благој Пешиќ е човек кој над 45 години е во спортското стрелаштво, носител на голем број на рекорди со своите стрелци, со претставници на три олимписки игри, со настап на голем број на светски и европски купови со свои или стрелци од другите клубови. Без ниедна замерка или поплака, па камоли индиција за такво ѕверско дело.

 

Но кобниот тренинг кој се одвивал во присуство на други стрелци, со пишани документи од контролниот тренинг, без знаци на вознемиреност, некој се дрзна да ја оцрни долгогодишната кариера на човекот кој се би дал за тие деца, стрелци, несебично често плаќајќи од сопствениот џеб.

 

Се надеваме дека вистината ќе излезе на виделина и Апелацискиот суд ќе ги цени доказите и изјавите на присутните стрелци на настанот.

Ваквите изјави „допир на рамо“ ја загрозуваат работата на сите спортови, имено стрелаштвото не е пантомима и да може  да се објасни само преку слики. Во овој спорт секоја корекција е со промена на ставот во рамо, колк, нога, стапало, дланка и без добар став нема добар погодок, што може да го потврди секој тренер по спортско стрелаштво. Затоа стрелец не се раѓа, туку се ствара со работа, дисциплина и упорност.

 

Што се однесува до поддршката на голем број граѓани преку петиција и пред судот, сакаме да истакнеме дека и денес пак би се собрале истите луѓе, но во трикратно поголем број, не само од Кавадарци и клубот, туку од сите клубови од државата и тоа не се „изманипулирани луѓе од плоштадот“ и „пензионери“ туку стрелци, родители на тие стрелци, спортски работници, роднини, кој цел живот работеле со Благој Пешиќ. Изјавите од пред судот во Велес се токму од тие стрелци.

За крај, да не осудуваме и да донесуваме сопствени пресуди додека не заврши судскиот процес. Со почит.



Share

Додади коментар