Општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска со соопштение реагираше на вчерашните обвинувања од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци за неизградените, а ветени пумпни станици за наводнување во атарот на селата Ресава и Брушани.
Во десетгодишното раководење со Водостопанство Тиквеш, тогашната раководна структура од ВМРО-ДПМНЕ апсолутно не мрдна со прст за подобрување на условите во самото претпријатие.
Апсолутно не беше направено ништо во делот на подобрување и модернизирање на системите за наводнување.
Претходниот директор на Водостопанство Тиквеш остана во сеќавањата на граѓаните како еден од најлошите и рекордер по бројот на добиени кривични пријави.
Ова зборува за начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ управувал во минатото со ова претпријатие.
Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никаков кредибилитет да зборува за состојбата во А.Д Водостопанство.
Имено во 2015 година, тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука со која 12-те самостојни водостопански претпријатија ги централизираше и ги постави како подружници на новото правно лице А.Д Водостопанство Скопје.
Наместо со ова решение да се креира подобар и поефикасен систем на функционирање на претпријатието, тие направија целосен хаос и анархија во истото.
Со овој потег ВМРО-ДПМНЕ направи целосно да бидат одземени ингеренциите на сите подружници, вклучително и на подружницата Тиквеш.
Ова значи дека сите подружници, вклучително и Тиквеш не може да ги користи приходите кои ги генерира, за свои сопствени потреби.
Она што ВМРО-ДПМНЕ десет години нананзад го уништуваше, сега истите очекуваат дека за само две и пол години некој ќе среди целиот тој пустош кој беше оставен од нивна страна.
Ние сме свесни за проблемите кои постојат во оваа сфера.
Меѓутоа важно е да напоменеме дека не станува збор за проблеми кои се креирани сега, туку истите се наследени од претходната власт на ВМРО-ДПМЕН.
Свесни сме за проблемите во системите за наводнување и правиме секојдневни напори на разни начини, истите еден по еден да ги решаваме.
Кавадаречките земјоделци ќе добијат соодветен систем за наводнување на своите површини, притоа приритет е даден на крупните брани и акумулации, чија реконструкција и изградба е веќе во тек.
Ви благодарам
О.О СДСМ Кавадарци

Додади коментар