Реакција на СДСМ Кавадарци: Видовме во минатото каква правна држава им нуди на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ
08-07-2020 РЕГИОН

(интегрален текст од реакцијата на ОО СДСМ Кавадарци на денешната прес конференција на кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Слободан Ивановски)

 

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која во изминативе десет години избираше судии, партиски послушници од тефтерчињата на нивите највисоки функционери, денес зборува за воведување на право и правда.

 

Партијата која десет години го градеше сваровски судството, денес зборува за право и правна држава.

 

Видовме во минатото каква правна држава им нуди на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ, со затварање на политички противници, затварање на медиуми, затварање на новинари.

 

Го видовме придонесот на ВМРО-ДПМНЕ за воспоставување на правна држава и во изминативе три години како опозиција.

Секој закон важен за правниот систем го опструираа во Собранието.

 

Бевме сведоци на напорот кој опозицијата го вложи да не се изгласа Законот за Јавно обвинителство, а со цел да се спаси од кривичен прогон нивниот главен финансиер Орце Камчев, како и најголемиот дел од поранешното и сегашно раководство.

 

На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава и нема да дозволат обнова на режимот.



Share

Додади коментар