Реакција на пратеничката Колева: ВМРО-ДПМНЕ не разликува предлог-закон од закон
27-04-2021 РЕГИОН

На писмената реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци реагираше пратеничката Даниела Колева. Во реакцијата таа нагласува дека од ВМРО-ДПМНЕ не разликувале предлог -закон од закон и видно било дека нивен приоритет бил ширење на лажни вести.

 

 

(интегрален текст од реакцијата на Колева)  Јас како пратеник сум целосно во координација со мојата политичка партија и со денешната моја изјава дадов образложение во која насока ќе се движат реформите кои започнуваат само во прво и четврто одделение од септември и го објаснив Предлог-законот кој  е влезен во собраниска процедура.

 

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е запознат со Предлог законот за учебници, во кој никаде не се спомнуваат работи кои тие ги посочуваат. Предлог-законот е вратен   денес, на дополнување заради усогласување со европска регулатива и од утре ќе биде во Собранието, а колегите од ВМРО-ДПМНЕ може да го прочитаат и да ги дадат своите сугестии и предлози за негова измена преку амандмани.

 

Наше е како пратеници да го дополниме и видоизмениме според потребите на образовниот процес. Но ВМРО-ДПМНЕ не разликуваат Предлог-закон од Закон и видно е дека нивен  приоритет е ширењето лажни вести, бидејќи после низата нивни неуспешни реформи, ништо конструктивно за образованието не можат да кажат. За сите измени, потреби и информации останувам достапна како член на Комисијата за образование, наука и спорт во Собранието, а граѓаните можат да влијаат токму преку  пратениците на законската регулатива.



Share

Додади коментар