Реакција на општина Кавадарци за кражбата на делови од модуларниот паркинг
21-06-2017 РЕГИОН

Општина Кавадари информира дека по добиена, информација од граѓани (на ден 20.06.2017 во 16:15 часот) за кражба на затегнувачи на модуларниот паркинг над „Паркот на Револуцијата“, веднаш превзеде мерки за прибирање на податоци. Денеска надлежните служби за комунални работи и сообраќај, извршија увид на самото место, при што констатираа кражба на 5 затегнувачи, како и оштетување на металната конструкција која ги држат носечките столбови за горната платформа.

 

Во исто време Општината го контактираше и изведувачот на работите на модуларниот паркинг, кој треба исто така да изврши увид во оштетувањето и да посочи натамошни мерки за санирање на состојбата со нарушената конструкција. Од неговиот увид ќе зависи до кога горната платформа на паркингот ќе биде затворена за паркирање. Општината Кавадарци веднаш после увидот, направи записник и информација за извршената кражба, по што ги испрати до надлежните полициски организа понатамошна постапка. Општината Кавадарци јавно го осудува идиотскиот однос на арамиите кои за ситна корист уништувајќи јавно добро, направија штета која може да предизвика несакани последици по граѓаните корисници на модуларниот паркинг - се вели во писмената реакција од општината.

 

КТВ побара и дополнителен коментар за дрската и идиотска кражба на делови од модуларниот паркинг поради што може да дојде и до рушење на паркингот.

„Општината и градоначалникот го осудуваат идиотизмот со кражбата на затегнувачи и метални делови од модуларниот паркинг. Доколку не беше ступидното законско решение во време на предизборие да се блокира нормалното функционирање на општината, тогаш ќе беше потпишан договор за јавно приватно партнерство  со концесионерот кој доби дозвола за работа од советот на општина Кавадарци. Во таквата ситуација уште пред нова година општината ќе добиеше регулирано паркирање и 24 часовен надзор над паркингот, а соодветно на тоа немаше да се случи и вчерашната кражба“ рекоа од општината за КТВ.



Share

Додади коментар