Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Неодговорноста и неспособноста на СДСМ и Зоран Заев завршува на 15 јули
16-06-2020 РЕГИОН
(интегрален текст) Зоран Заев и СДСМ на 15 јули ќе бидат поразени поради сите штетни и расипнички политики кои ги спроведуваат три години.
На 15 јули завршуваат криминалните милионски тендери на СДСМ, луксузирањата на функционерите на СДСМ на грбот на граѓаните, политичкото влијание на СДСМ врз судството и обвинителството кое е нотирано во релевантните меѓународни извештај, непотизмот и вработување на партиските војници на СДСМ.
На 15 јули завршува криминалот и корупцијата на СДСМ.
Граѓаните нема да дозволат уште еднаш да бидат излажани и изманипулирани од страна на Зоран Заев и СДСМ.
СДСМ ќе биде поразен заради неспособноста, коруптивноста и низата на понижувања кои ги претрпе Македонија во овие три години власт.
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ.
На 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази вториот вирус Заев и СДСМ.
Граѓаните не забораваат.
Македонија не заборава, и Македонија ќе победи!
Додади коментар