Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Македонија е на прво место во регионот по смртност
22-05-2020 РЕГИОН
OK на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци реагира на вчерашната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци. Велат дека не било вистина дека Македонија успешно се справува со корона кризата.
 
(интегрален текст)  СДСМ се фали дека успешно се справила со корона вирусот додека бројот на заболени граѓани секојдневно расте.
 
Состојбата е алармантна имајќи ги во предвид официјалните податоци во Македонија во изминатите 6 дена заразени се вкупно 158 граѓани, а починати се 15.
 
Фактите говорат дека Република Македонија е на прво место во регионот по смртност на милион жители и по бројот на заразени, истовремено Македонија бележи најмал број на тестирани на милион жители.
 
За разлика од Македонија, во другите држави бројот на заболени од коронавирусот се намалува.
 
Владата на СДСМ и Зоран Заев ниту се справија со здравствената криза, ниту пак 
со економската криза. 
 
Нивната неспособност и неодговорност граѓаните ја чувствуваат.
 
Згора на тоа додека европски напредните земји бараат постигнување на политички консензус помеѓу политичките чинители и исполнување на здравствените критериуми за да одат на избори, Заев и по цена на човечки избори сака избори само да за да го ублажи изборниот пораз.
 
За разлика од СДСМ, за ВМРО-ДПМНЕ приоритет е здравјето на граѓаните.
 
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.


Share

Додади коментар