Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: За СДСМ и Заев приоритет е политиката, а не здравјето на граѓаните
27-05-2020 РЕГИОН
ОО СДСМ Кавадарци пред да држат паушални прес конференции нека ги погледнат официјалните бројки на заразени и починати лица од Ковид 19 во Република Македонија - реагираа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, на денешната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци.
 
 
 
(интегрален текст) За СДСМ и Заев приоритет е политиката а не здравјето на граѓаните. 
Поради несериозното и неодговорно однесување на владата на СДСМ, Македонија е на врвот на заболени на милион жители, а официјалните бројки покажуваат дека состојбата е далеку од нормализирана, поточно од 10 мај до денеска има 418 нови лица инфицирани од корона вирус и 25 лица починати.
 
Ова е јасен показател дека Македонија и понатаму е единствената земја во регионот кај што корона вирусот наместо да се стишува, се уште бележи црни биланси.
 
 
За СДСМ и Зоран Заев ненормалното станува нормално.
 
 
Република Македонија прво мора да ја порази корона пандемијата, а потоа ќе ја порази епидемијата од неодговорност и неспособност на владата на СДСМ и Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните е пред и над се.
Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.


Share

Додади коментар