Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: 55 илјади граѓани во 2020 ги загубија работните места
09-04-2021 РЕГИОН
Во време кога Македонија се соочува со економска и здравствена криза како последица од пандемијата и лошото менаџирање на власта, СДСМ се обидува да ги убеди граѓаните дека економијата е стабилна.  СДСМ се изгубени и во времето и во просторот - реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на денешната прес конференција на ОО СДСМ.
 
 
(интегрален трекст од реакцијата) Наместо да држете празни прес конференции, нека ги погледнат фактите:
 
- 55.000 граѓани во 2020 година ги изгубија своите работни места, и дополнителни 4.700  во првите два месеца од 2021 година. Тоа се скоро 60.000 граѓани на улица и без основна  жовотна егзистенција.
 
-Над 6.200 фирми ставија клуч на врата според податоците од Централниот регистат.
 
-Над 10 проценти од фирмите немаат исплатено плати за работниците според податоците на Управата за јавни приходи.
 
-За 122 денари во март зголемени основните трошоци на едно семејство.
 
- Стапката на инфлација во март 2021 година надмина 2%, при особено висок раст на маслото за јадење од 15%, трошоците за домување од 4,5% (со најголем придонес на растот на цената на струјата од 7,5%) и висок раст на хотелските и ресторанските услуги.
 
-Индустриското производство за првите два месеца е паднато за цели 14 проценти. 
 
-Градежништвото во јануари забележа двоцифрен пад. 
 
Ова ли е успех со кој се фали СДСМ и Зоран Заев?
 
Мерките на Заев и СДСМ не значат помош за граѓаните и фирмите, туку служат за поткуп во форма на еднократна помош.
 
Ваквите мерки, задоцнети, ненавремени и нереални значи колапс на економијата и осиромашување на народот. 
 
СДСМ не води грижа за граѓаните, единствено им е важно полнење на џебовите на партиските функционери, додека граѓаните немаат леб да јадат.
 
Единствено што цвета со СДСМ и Заев е криминалот и корупцијата.
 
 
 

 



Share

Додади коментар