Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДСМ и Каевски да зборуваат дека водат грижа за спортот
20-12-2019 РЕГИОН
Со реакција на вчерашните најави од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, дека ќе се реконструира стадионот во Кавадарци, се огласија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
 
 
(интегрален текст)  Срамно е СДСМ и Дарко Каевски да зборуваат дека водат грижа за спортот во Република Македонија.
Поминаа две и пол години од управувањето на Каевски со Агенцијата за млади и спорт, а ниту младите ниту пак спортистите имаат некаква придобивка од тоа.
 
Единствено нешто од Каевски е што на дело уште еднаш ја покажа својата неспособноста, неработата и катастрофалното работење.
Тоа што Каевски дошол во Кавадарци, за да се фали дека ќе се реконструирал Градскиот стадион е само гол популизам од страна на СДСМ и обид за поткуп на гласачите во пресрет на предвремените парламентарни избори.
 
Па оттаму Каевски да одговори зошто му беа потребни дури две и пол години од неговото директорување во Агенцијата за млади и спорт да се сети на Градскиот стадион Тиквеш во Кавадарци?
 
Каевски и СДСМ  свесно ги навредија граѓаните и ја потценија нивната интелигенција.
 
 
СДСМ не води грижа ниту за младите, ниту за спортот. Затоа на 12 април доаѓа Обнова на Македонија и вистинска грижа за спортот и спортистите во Република Македонија.


Share

Додади коментар