Со реакција на денешната прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци се огласија од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци...
(интегрален текст) СДСМ во услови на тотална неспособност во менаџирање со здравствено-економската криза повторно се обидува со козметички мерки да манипулира со македонската јавност. Не задолжија со над една милијарда евра кредити кои сите граѓани треба да ги враќаме во иднина, а истите ги искористија за криминал, корупција изборен поткуп.
Македонската економија поминува низ најтешката економска криза од почетокот на својата независност (со рецесија од над - 5%), а тие говорат дека економијата била стабилна.
Македонија бележи историски најголем пад на извозот, индустриското производство и продуктивноста со најниска реализација на капитални инвестиции, а тие зборуваат дека граделе развојна економијата.
55.000 граѓани останаа на улица, голем број на вработени се без плата повеќе месеци, а тие зборуваат дека се грижеле за сите.
Македонија е земја со најмалку издвоени средства за справување со кризата (3.5% од БДП) споредено со сите земји од регионот и Европа, а тие говорат дека обезбедувале соодветна поддршка за приватниот сектор и граѓаните.
Македонија е најкорупирана земја со хибриден режим, а тие зборуваат дека креирале поповолно бизнис опкружување.
На мафијата на власт и се ближе крајот, а потоа ќе има одговорност за сите злоупотреби кои ги направија во изминатите четири години!

Додади коментар