Пуштени во работа петте мини хидроцентрали
29-10-2015 РЕГИОН

И официјално денеска беа пуштени во работа петте мини хидроцентрали што во изминативе години се градеа на хидро системот Бошава.

Годишно овие централи ќе произведуваат 33 милиони киловат часови електрична енергија. Се изградија преку јавно приватно партнерство помеѓу водостопанство Тиквеш и Колектор-Турбоинститут од Словенија.

Во работа ги пуштија заљменик министерот за земјодлествпо шумарство и водостоапнство, Ванчо Костадиновски, државниот секретар во словенечкото министерство за економија Клемент Потисек и високи претставници на Колектор и Турбоинститут.

 

Овој повеќе наменски проект покрај електрична енергија ќе обезбеди и дополнителни количини на вода за пиење и наводнување.

„ Ова е позитивен пример како треба да функционира едно јавно приватно партнерство. Инвестирани се 20 милиони евра, реконструиран е каналот, се добива дополнителна колиичина вода за пиење и наводнување на 300 ха земјоделска површина. Од сопствени средства од 200 милиони евра ќе градиме нови водостопански објекти, а ќе се реконструриаат и постоечки објкекти. Ваков вид на инвестиции во обновливи извори на енергија се од огромно значење и го подобруваат енергетскиот биланс на Република Македонија. Го зголемуваме и учеството во обновливите извори на енргија. “ рече заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадинов.

 

Државниот секретар во словенечкото министрство за економија ја поздрави соработката помеѓу партнерите од Македонија и Словенија и нагласи дека таа е пример за успешната соработка меѓу двете земји.

„ Ние сме првите во Македонија што почнавме со практична примена на законот за јавно приватно партнерство. Бенефитите се многу големи. Се работи за повеќестрано искористување на водата, за пиење, за наводнување и за производство на електричлна енергија. Со континуираниот проток на вода во реката Луда Мара повеќе не создава неподнослива миризба во селото Марена. “ рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и најави изградба на уште една мини централа во склоп на четирите кои работат во ЈП Комуналец. Нагласи дека се планираи реконструкција на водоводниот систем Лукар.

 

Директорот на Водостопанство Тиквеш, Љубе Димов нагласи дека проектот за хидросистемот Бошава и изградбата на централите чини 20 милиони евра.

„Се изврши реконструкција на каналската мрежа во должина од 24 км, реконструкција на тиролскиот зафат на река Бошава, 10 км затворен цевковод и нова 9 км линија за наводнување и за вода за пиење. Со ова нова линија ќе донесиме околу 150 л итри вода за пиење и наводнување. Тоа говори дека со оваа инвестиција Кавадарци во наредните 30 години ќе нема никакви проблеми со водоснабдувањето. “ рече Димов.

Ангел Данов



Share

Додади коментар