Жителите на Росоман, Манастирец и Рибарци конечно ќе добијат доволни количини на вода за пиење. Денеска беше пуштен во функција нов резервоар кој ќе обебзедува дополнителни 250 метри кубни.
Средствата за изградба на резервоарот се обезбедени преку проект на Светска банка. Со него покрај обезбедување здава вода за пиење, ќе се намалат и трошоците на Јавното комунално претпријатие бидејќи нема да има потреба од пумпање на водата што досега претставуваше трошок.
„Резервоарот е составен дел на целокупниот систем за водоснабдување на Кавадарци и Росоман во кој вкупно се инвестирани 2,2 милиони евра со кои се изградени филтер-станица, цевковод и други потребни елементи, рече министерот Зоран Ставрески кој присуствуваше на свеченоста за пуштање на резервоарот.
Тој најави дека во следната година општина Росоман ќе добиела подршка од 525 илјади евра за изградба на патот Росоман- Сирково.
Во Росоман вицепремиерот ја посети и винаријата „Гоце Делчев“ со цел да се информира за текот на откупот на грозјето и дали се реализира како што е договорено.
„Се работи за винарија која има 200 вработени и која досега има откупено илјада тони грозје, а според најавите треба да откупи уште две илјади тони, рече министерот за финансии.
Додади коментар