Само два дена не делат од дочекот на Новата година. Пукотниците од петарди и други пиротехнички средства кои го најавуваа приближувањето на новогодишните празници годинава изостанаа. Кавадарчани велат дека свеста е на повисоко ниво.
Тоа беше и целта на превентивните акции кои десетина години одделот за превенција при кавадаречката полиција ги реализираше со најмладите, но и со повозрасните, да се намали употребата на петарди и останати пиротехнички средства.
Покрај превентивните, полицијата спроведуваше и репресивни мерки, а резултат на сите тие акции е токму она што се чувствува годинава, немање на чести пукотници.
„Свеста е на повисоко ниво. Сега кога речиси и да не се употребуваат петарди и безбедноста на децата е на повисоко ниво“ вели инспекторот за превенција, Димитар Каракулев.
A.Д
Додади коментар