ПСД Орле Кавадарци успеа и во кањон спортот. Викендтот што измина успешно ја реализираше најавената акција за освојување на Јаворските водопади. Главно ентузијасти вљубеници во природата, членови на планинарското друштво и професионални припадници на Граничната Полиција се препуштија на овој предизвик на кој имуни не останаа ниту младите кој само посакуваа што побргу да стигнат до големиот залак за нив.Целата акција всушност стартуваше од Кожув планина, ски центарот Кожув преку сртот Зелен брег,местото викано Порта, па караула Шаренка, Дудица до детското одморалиште Михајлово. Од таму дестинација беше планинарскиот дом во село Мрежичко од каде овие вљубеници во природата се упатија кон село Мајден за да на крај стигнат до целта Јаворските водопади. Тие се непроценливо богатство за Тиквешијата ни рекоа и денеска од Орле.
За нивната убавина неможе да се зборува бидејќи говори само доживеаното.Многупати патуваме далеку за да уживаме во водопади, но оваа атракција толку билску до нас едноставно не смее да остане закриена во природата.Токму и тоа е нашата цел.Да проучиме, да обезбедиме патеки, да анализираме и да направиме простор за развој на кањон спортот кој преку спелео турзимот би бил вистинска добитна комбинација и за планинарството и за Тиквешијата воопшто.Јаворските водопади потврдено е високи се 12 метри, а за нивно освојување употребена е целата спелео опрема која ја поседува Орле.Карпестиот терен додаваат од таму искористен е за обука на младите во која почетно ги совладале вештините за искачување по карпи.
Дека интересот и од нив за оваа акција бил голем говорат фотографиите, од кој можеме заеднички да заклучиме дека планинарите и припадниците на гранична полиција во оваа заедничка акција едноставно уживале.
М.Младенова

Додади коментар