Со оглед на временските прилики и отпочнувањето на земјоделските активности по лозовите насади и останатите земјоделски површини, а со тоа и зголеменото учество во сообраќај на земјоделската механизација - трактори и приколици, од кавадаречката полиција им укажува на законските обврски на сите возачи на земјоделски машини од општините Кавадарци и Росоман.
Од полицијата апелираат до овие возачи да се подигне свеста дека управувањето на технички неисправна механизација, особено во поглед на светлосната сигнализација често се случуваат сообраќајни незгоди со несакани последици.
„Покрај тоа на возачите им укажуваме и за обврската за редовно регистрирање на земјоделската механизација - трактори и приколици. Должни се секоја година да ја регистрираат својата механизација и дека не е точна информацијата дека земјоделската механизација се регистрира на секои 6 години“ стои во соопштението од кавадаречката полиција.
Исто така им се укажува и на возачите на мопеди и мотоцикли за навремено регистрирање и продолжување на осигурителната полиса на своите возила, да ги управуваат кога ќе се стекнат со право за управување моторно возило како и безбедното управување на мопедите и мотоциклите е со носење на заштитен шлем - кацига.
После ова укажување, од отсекот за превенција ќе следат и превентивни акции на терен со укажување до возачите, а потоа за сите кои ќе ги прекршат законските прописи ќе следуваат и репресивни мерки.
А.Д

Додади коментар