ПС Кавадарци го одбележа денот на полицијата 7 ми мај
06-05-2016 РЕГИОН

Денот на македонската полиција 7 ми мај денеска беше одбележан и во ПС од ОН Кавадарци. Во салата за состаноци на скромен коктел славаше Полицијата заедно со претставниците на институциите со кој таа успешно соработува.ПС од ОН Каваадрци на целото подрачје кое го покрива, своите обврски на безбедносен план ги извршува професионално , пожртвувано и посветено. Законитоста во работењето, професионализмот, транспарентноста се основниот белег на нашата комплексна и легитимна полициска работа рече во своето обраќање пред присутните командирот на кавадаречката Полиција Борче Мустеников.

 

Полициската станица во Кавадарци е ефикасна, ефективна и се темели на владеењето на правото и демократските принципи и со целосно почитување на основните човекови права и слободи и вистинските вредности на општеството.Ние сме современа полициска организација која им служи на граѓаните и која ефикасно работи во одржувањето на јавниот ред и мир, во борбата против сите видови на криминалитет во откривањето на сторителите на казнените дела и во другите сегменти од полициските работи, применувајќи ефикасни правни и демократски процедури и стандарди, потенцираше Мустеников.

 

Според командирот на кавадаречката Полиција во текот на првото тромесечје од оваа година на подрачјето за кое таа е надлежна регистрирани се вкупно 98 кривични дела од ситеобласти што претставува намалување за 11% во однос на истиот период минатата година кога биле евидентирани 111 кривични дела. Во делот на класичниот криминалитет во првото тримесечје регистрирани биле 88 кривини дела бројка што претставува зголемување за 3,5% во однос на периодот јануари март 2015 гога имало 85 кривични дела. Намалување на регистрирани казнени дела кавадаречката полиција бележи во областа на економскиот криминалитет.Во првото тримесечје регистрирани биле 4 кривични дела , а во истиот период лани забележани биле 7.Прекршоците против јавниот ред и мир исто така бележеле намалување во 2016 регистрирани биле 27 нарушувања, додека во 2015 74 нарушувања или намалување од 63,5 %.

 

Како и досега повеќе ќе работиме на превентивен план што претставува најефикасен начин на спречувањето во вршење на кривични дела и прекршоци, рече на крајот од своето обраќање пред присутните командирот Борче Мустеников притоа заблагодарувајќи се на институциите за одличната соработка и честитајќи им го денот на своите колеги.7 ми мај на припадниците на МВР им го честита и градоначалникот Александар Панов.

Mилица Младенова



Share

Додади коментар