35 прочистувачи со вредност од 25 илјади евра денеска донираше компанијата Блуер за гимназијата „Добри Даскалов“ и СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци. Со оваа донација и претходната, просториите во образовните институции во Кавадарци се целосно обезбедени со апарати кои го прочистуваат загадениот воздух.
Градоначалникот Митко Јанчев рече дека се создадени услови за учениците да претстојуваат во простории каде ќе има чист воздух во текот на наставата.
Благодарност за донацијата искажаа директорите на двете средни училишта, Невенка Поп-Ангелова и Горан Велковски.
Од компанијата Блу ер, што ги донира прочистувачите нагласуваат дека станува збор за паметни уреди кои вршат квалитетно прочистување на воздухот.
A.Д

Додади коментар