Противпожарната единица во Кавадарци има недостиг од пожарникари
06-09-2017 РЕГИОН

 

Кавадаречката територијална противпожарна единица се соочува со недостаток од пожарникари. Во моментов пожарната единица брои само десет пожарникари, бројка што е далеку помала од онаа што би требало да биде за општина со четериесетина илјади жители.

 

И покрај намалениот број на пожарникари, сепак, командирот Илчо Богевски вели дека одговараат на сите повици од граѓаните на време.

 

„Според бројот на жителите, а Кавадарци моментално има 40 илјади жители, би требало да има 27 пожарникари. За жал ние сме само 10 пожарникари. И со тој број мислам дека добро одговараме на повиците од граѓаните“ вели Богевски.

 

Пензионирањето на пожарникарите е главна причина за намалениот број. На една од седниците советот усвои акциски план за вработување, но најверојатно нови пожарникари ќе бидат примени после локалните избори. Во меѓувреме од локалната самоуправа најавија дека ќе се отпочне со реконструкција на противпожарната зграда, а изградбата на нова зграда ќе почека други времиња.

 

A.Д



Share

Додади коментар