Протестен марш „За заедничка Македонија“
14-03-2017 РЕГИОН

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и синоќа организираше протестен марш во Кавадарци. Маршот тргна од црквата Свет Петка, се движеше низ улиците во Кавадарци се до градскиот плоштад.

 


Пред присутните се обрати дефектологот Марија Попова Шандаров, Таа им порача на политичарите да не прифаќале платформи од туѓи држави.

 


- Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија има едно и единствено барање, а тоа е зачувување на ова парче земја, зачувување на нашиот јазик, нашата нација за која нашите претци се бореле со години. Немојте да подлегнувате на ниту една манипулација, или обид „на мала врата да се протнат работи кои албанските партии ги договориле во Тирана, а СДСМ ги прифатила. Сакаме да градиме мултиетничка, а не бинационална држава, нагласи таа, повторувајќи дека јасно и недвосмислено бараат целосно да се отфрли платформата направена во Тирана“ рече Попова Шандаров.



Share

Додади коментар