Протест „За заедничка Македонија“ во Кавадарци и Неготино
10-03-2017 РЕГИОН

Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Протест синоќа се одржа во Кавадарци и Неготино.

 

Протестниот марш тргна од црквата Света Петка,  се движеше низ главните улици во градот и застана на градскиот плоштад. Пред присутните кавадарчани свое обраќање имаше д-р Ангел Поп-Ангелов, доктор по семејна медицина.

 

„Не сум спремен да прифатам и нема да прифатам разобличување и негирање на мојот идентитет и моето чувство на припадност. Не прифаќам двојазичност, не прифаќам бинационалност, промена на знамето, не прифаќам кантонизација, поделби, редефинирање на државата“ рече д-р Поп-Ангелов.

 

По неговото обраќање протестот заврши.

 

По шести пат низ улиците на Неготино исто така се протестираше „За заедничка Македонија“.

 

Пред присутните се обрати шаховскиот велемајстор Трајко Недев рече дека ја претставувал земјава на над 10 олимпијади и на 10 европски првенства и секогаш се борел да допишат со пенкало Македонија, наместо ФИРОМ.

 

– Кога освојував олипијски медал, европски медел,  се гордеев дека сум Македонец! Кога го освоивме европскиот клубски куп 2016 година, се вееше македонско знаме. Земјата ја сакам со моите резултати, затоа сум тука, тука и ќе останам!, нагласи Недев.

 

A.Д



Share

Додади коментар