Протест: Угостителите во Кавадарци ги затворија објектите
12-06-2020 РЕГИОН

Во знак на револт поради рестриктивните мерки во работењето угостителите во Кавадарци вечерва во 19 часот ги затворија своите објекти. Најавија дека нема да работат се додека не бидат повикани на преговори,  со цел да се изнајде начин за нормално функционирање на рестораните, кафулињата и останатите објекти.

 

belevski„Со цел да бидеме разбрани од нашите сограѓани - гости и од надлежните органи и  со цел да го изразиме нашиот револт од константниот притисок на инспекциските служби,  едногласно решивме да ги затвориме нашите објекти. И покрај забраната за работење од 9 недели почнавме со ограничен капацитет само на летни тераси за кои претходно не бевме информирани.Се соочивме и  со намалено работно време и ограничен број на гости. Ограничувањето за премин од втора во трета фаза досега не е реализирано. Очекуваме во рок од 24 часа да бидеме повикани од надлежните институции да разговараме за олабавување на мерките и повторно отворање на објектите,  со нови издржани протоколи. Се до надминување на овие проблеми објектите остануваат затворени“ изјави претседателот на здружението „Тиквешки угостители“ од Кавадарци, Дано Белевски.

Од здружението уште минатата недела беше испратено барање до општинскиот кризен штаб Кавадарци да се дозволи угостителите да работат и во затворените делови и да им се продолжи работното време. Овие барања беа препратени и до републичкиот кризен штаб, но сопственицте на угостителските објекти не добија позитивен одговор.

А.Д

 



Share

Додади коментар