Со возила, од црквата Света Петка во Кавадарци започна протестот на ВМРО-ДПМНЕ. Членови и симпатизери, со воизла се упатија до споменикот на 12 -те ваташки младинци во Моклиште. Од протестот беше побарана оставка од премиерот Зоран Заев.
„Тешко е да се говори од Ваташа. Пријатели овој собир е надпартиски. На овој собир нема леви и нема десни. Ова е собир за Македонија. Никој од нас не одбира кога и во какво смејство ќе се роди. Никој не одбира каде ќе се роди, која ќе му биде етничката, верската припадност или јазикот кој прв ќе го проговори. Но она што секој од нас може да го одбере е начинот како да го воспитува своето дете, да го учи на тоа што е свето, што се вредности, што е образ, чест, достоинство и углед, што има, а што е тоа што нема цена“ рече Рашела Мизрахи, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во земја за која од славното Кавадарци, Неготино и за жал денес разурнатото село Праведник излегоа бројни комити, но и партизани. Земја која толку многу ви должи за црнината во која беа вашите баби и мајки, за сите деца и младинци кои во војните ги закопавте. Па јас сум со корен кавадаречки, дел од фамилијата ми живее тука.
Сакам да ми се врати државата која ги памети нивните херојски дела. Македонија во која сме сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Еѓипкани, Евреи и сите останати од Македонија во која никој нема да се осуди гордоста да ни ја оспори. Ми велеа дека сум заглавена во историјата дека треба да гледам во иднината. Ни велат да заборавиме, да се понижиме и сами себе да се поништиме.
Епа завчера Заев се обиде да дотроши се што е Илинден, НОБ и АСНОМ, се што она ни оставија и му се случи и вчера, му се случува и денес, ќе му се случува и утре и така натаму бидејќи му се случуваме сите ние надпартиски, наднационално, антифашистички да му докажеме дека е доста, да му кажеме дека никој не смее да ја допира нашата историја, нашиот народ, јазикот, никој нема мандат за тоа. Таа е со крв платена од црнина излезен“ порача Мизрахи .
На протестот свое обраќање имаше и пратеникот од Кавадарци, Зоран Јованчев.
ВМРО-ДПМНЕ покрај во Кавадарци вечерва протестираше и во Куманово, Тетово, Велес, Прилеп, Битола и Охрид, а пораката од секаде беше Заев да поднесе оставка.
А.Д
видео од обраќањето на Мизрахи
Додади коментар