Промоција на автохтона македонска кокошка (видео)
09-03-2023 РЕГИОН

 

Во организација на здружението за одгледување на украсни птици и ситни домашни животни „К`днче“ и  д-р Перо Пењушков денеска во село Ваташа се одржа промоција на македонска автохтона кокошка – црцорка и на џуџеста црцорка. Д-р Пењушков дваесет години работел на стандардизација. Неговата порака е да ја зачуваме оваа автохтона живина, но и да ја промовираме и надвор од Македонија.

 

  На не секојдневниот настан во Ваташа денеска беа присустни и претставници од Македонскиот сојуз на одгледувачи на украсни птици и живина, и гости од Хрватска кои исто така работат на промоција на тамошна автохтона живина.


А.Д

 



Share

Додади коментар