Денес во Неготино беше промовирана планинарска патека која од овој град преку Витачево води кон планината Кожуф. Планинарската патека ја обележуваа планинарите од планинарското друштво Стенае од овој град.
-Проектот е во организација на вардарскиот плански регион и Одделението за локален економски развој при неготинската локална самоуправа. Во рамките на проектот поставивме инфо табли во градот и пред планинарскиот дом во Горни Дисан. Истовремено патеката ја обележавме со ознаки во боја, патокази и столбови, информираше планинарот Александар Василевски од Стенае.
Тој нагласи дека целта е полесен пристап до природните убавини кои ги нуди Тиквешијата со цел во недопрената природа да уживаат што поголем број на љубители на здравата животна средина.
-Истовремено ова значи промоција на планинарењето како здрав начин на живот, нагласи Василевски.
С.Д

Додади коментар