ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ЧЕСТИ ВРНЕЖИ: Дожд, снег и зголемување на снежната покривка на планините и на Скијачките центри!
До средината на следната седмица во Македонија продолжува периодот на многу променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, повремено и на повисоките места особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од снег, а на планините, секако и на Скијачките центри снежната покривка ќе се зголемува.


Да напоменам дека снежната граница, во погоре споменатите предели би можела да се спушти до околу или под 1000 метрни надморска височина.


Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.


Во Скопскиот регион исто така до средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на околните планини повремено ќе врне снег.


Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени, додека повремено во централните  и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до околу 13, 14 степени.


Барем одсега гледано, од средината на следната седмица ни доаѓа нов ладен бран кој позначително ќе ги спушти температурите на воздухот, но многу појасни информации околу ова ќе имам во деновите кои се пред нас.


Во Кавадаречкиот регион исто така во следните денови ќе имаме променливо но потопло време за разлика од останатите предели од Македонија, повремено ќе има врнежи од дожд, особено утре (сабота) и ноќта недела кон понеделник. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачува во интервалот од 9 до 13 степени.
 
Славчо 
 


Share

Додади коментар