Производителите на праски се жалат за ниска отпкупна цена
24-07-2015 РЕГИОН

Незадоволни од цената по која им се откупува годинашниот род се поголем дел од производителите на праски во Росоман. Денека посетивме откупни пунктови. На еден од нив колони трактори чекаа ред да го продадат родот. Овоштарите ни се пожалија дека цената која им се плаќа за откуп не им ги покриваат трошоците. Ги продавале праските за преработка и им се плаќале по 6 денари за килограм.  На друг откупен пункт цената за откуп денеска беше 16 денари за килограм. Сопственикот на откупниот пункт ни рече дека пласманот на откупените праски е на рускиот пазар.  Раздвижено беше и на кванташкиот пазар. Таму праската се продаваше од 10 до 20 денари за килограм во зависност од квалитетот.

Најголемиот дел од денешната понуда на праски беше со одличен квалитет. На кванташкиот пазар килограм кардинал се откупуваше по 15 денари. Производителите разочарани што и цената за ова рана сорта на трпезно грозје на старт не е според нивните очекувања.

За состојбата со откупот на праски побаравме видување и од градоначалникот Стојанче Лазов. Тој оценува дека годинава овоштарите се соочија со проблеми од пролетните мразови и ударот на град во три наврати. Со тоа голем дел од производството е оштетено, но генерално нема проблеми.

„ Бидјеќи и самиот потекнувам од земјоделско семејство моѓам да камжам дека животот на земјоделецот е многу тежок. Една година може да земииш потоа две три години да неможиш ни да заработиш за трошоците. Во три наврати имавме град кој направи штети. Имаме поголема понуда на праски од актуелните сорти на откупните пунктови. Откупот на праски за преработка е шест денари и плус два денари субвенција од владата за склучен договор со преработувачки капацитет во државата. ТОа е цена која толку толку ќе им ги врати трошоците. Не е проблем пласманот, проблем е квалитетот. Вчера по 13 часот немаше шраска на кванташки пазар, се беше продадено. Верувам дека и во натамошниот период ќе немаме проблеми со откупот“ вели градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.

Ангел Данов



Share

Додади коментар