Проектот „Мој термин“ ќе стави ред во амбулантските чекални?

2013-05-21
„Мој термин“ е новиот проект на Министерството за здравство кој сеуште е во тест фаза, а веќе од јуни ќе биде целосно имплементиран. Со овој проект министерот Никола Тодоров очекува дека нема повеќе да се враќаат пациенти од амбулантите и нема да има гужви.

Во регионот ваков систем има единствено Македонија и истиот е најсложен систем направен во здравството.

Сите здравствени установи се веќе вклучени во системот, а секојдневно расте и бројот на електронски издадени упати. На 4 мај се издадени 145, а на 20 мај 4.787.

За работа на системот се веќе обучени над 2.000 доктори, а процедурата е многу кратка и едноставна.

Министерот апелираше до сите  да ја поддржат имплементацијата на системот, бидејќи од него ќе имаат придобивка сите пациенти, доктори, науката и состојбата во здравството.



Share

Додади коментар