Јавна дебата во врска со изградба на рекреативна патека до Мoклиште, со жителите на Ваташа чии имоти ќе бидат зафатени од патеката, се одржа синоќа во Кавадарци. Се работи за патека од околу 7 километри.
Проектот е изготвен и испланирани се финснсиите. Иницијаторот на идејата градоначалникот Митко Јанев и проектантот Трајче Грков информираа за проектот а со дискусија се вклучија и присутните.
Патеката широка пет метри со дополнителни содржини за пешаци и велосипедисти, како и за туристи, ќе оди покрај реката „Луда Мара„ се до „Воденицата“ во Моклиште. Продолжуваат активностите околу реализацијата на оваа идеја од која сите ќе имаат бенефит, рече Јанчев.
На средбата беа присутни и вработени во општинските служби кои исто така на сите присутни им одговараа на поставени прашања, а беа прочитани и лицата на кои треба да им биде експроприиран имот а се кажаа и квадратните метри кои би требало да бидат експроприирани.
Додади коментар