Проекти кои ќе се реализираат во Велес преку ВПР
06-05-2015 РЕГИОН

Општина Велес ја почна постапката за изградба на индустриската зона мамутчево.. Се подготвува неопходната техничка документација. Изработката на плановите се реализира преку Центарот за развој на вардарскиот плански регион. За оваа намена се предвидени над 30 илјади евра..

Со пари обезбедени од центарот за развој на вардарскиот регион ќе се развива и туризмот покрај езерото подлес во градско.. Ќе се уредува околината, ќе се постави урбана опрема а се изработува и промотивен материјал за оваа вештачка акумулација..

Во следниот период ќе продолжи уредувањето и на зградата во која работи мрежата за инклузивен развој на вардарскиот регион.. Ќе се реконструира горниот кат од објектот..

Со проект на центарот за развој на вардарскиот плански регион, и општина кавадарци ќе добие простор за поддршка на граѓанскиот сектор.. Со околу 5 милиони денари ќе се реконструира стар објект во кој ќе се сместат дел од невладините организации..

Инаку за реализација на овие четири проекти, центарот за развој на вардарскиот регион предвиде170 илјади евра.. Парите се обезбедени од бирото за регионален развој и министерството за локална самоуправа.

Зоран Јаневски 

  



Share

Додади коментар