Проекти за полесен пристап до инстуциите на лицата со посебни потреби
06-05-2015 РЕГИОН

Во Кавадарци ќе се реализираат проекти со кои ќе се подобри пристапот на лицата со посебни потреби до сите институции информираше градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

 

„ Во зградата на општина Кавадарци ќе се изгради надворешен лифт каде непречен пристап ќе имаат сите лица со посебни потреби. Предивден е забавен парк, летниковец и вц во ООУ „Гоце Делчев“. Со тоа заокружуваме една прва фаза,  што значи непречен пристап на сите граѓани до јавните институции. Ова ни претставува поттик како градоначалници да работиме во натамошниот периодм и  во сите училишта каде што има деца со поебни потреби да помогнеме. Во тој контекс е најавата за  набавка на четири моторни колички за хендикепирани младинци од Кавадарци и тоа ќе биде проект во континуитет“ рече Панов.

А.Д



Share

Додади коментар