Проекти вредни 5,5 милиони евра вчера беа предадени на Кавадарци
25-11-2013 РЕГИОН

Од вчера во Кавадарци официјално во употреба се новиот водоводен систем кој ќе обезбеди 150 литри дополнителна вода за жителите на Кавадарци и Росоман и реконструираните патни правци Кавадарци-Ресава и Кавадарци-Мушов Гроб. На свеченостите за ставање во функција на овие реализирани проекти вредни 5,5 милиони евра вчера присуствуваше премиерот на валадата Никола Груевски.

Тој  најпрво го пушти во употреба локалниот пат од Кавадарци до населеното место Ресава во должина 5,95 километри и со широчина на коловозот од 5,5 метри. Нагласи дека станува збор за еден од најфреквентните патишта во регионот на Кавадарци кој е од посебно значење за населените места Ресава, Бегниште и Дабниште, но и за големата викенд населба на Тиквешкото Езеро.

За локалнот пат до село Ресава инвестиравме околу 32 милиони денари. Со овие средства се изврши проширување и комплетна реконструкција на патот кој во изминатот период беше во исклучително лоша состојба со многу оштетувања, дупки и нерамнини, рече премиерот Груевски обраќајќи се на отворањето на патот.

Потоа, премиерот  присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот водоснабдителен систем Кавадарци-Росоман.Целокупната инвестиција за овој капитален зафат  изнесува 2,3 милиони евра  од кои најголемиот дел се средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а со помал дел учествуваат општините Кавадарци и Росоман.

- Со денешниот настан се одбележува затворањето на едно децениско прашање кој го мачеше овој регион на државата. Знаејќи го значењето и приоритетот на решавање на овој проблем како Влада вложивме напори да изнајдеме средства со кои се изгради новиот водоснабдителен систем, рече премиерот Никола Груевски, кој официјално го отвори водоводниот систем.

Премиерот Груевски денеска присуствуваше и на пуштањето на во употреба реконструираниот регионален пат Кавадарци-Мушов Гроб во должина од 16,3 километри и широчина на коловозот од 5,9 метри. Нагласи дека патот е од огромно значење за жителите на Кавадарци, но и за заживување на селата од бившата општина Конопиште, како и за дрвната и останатата индустрија во кавадаречкиот регион.

- Со проектот за реконстукција на регионалниот пат Кавадарци -Мушов Гроб решивме едно долгогодишно прашање и голем проблем за жителите од регионот. Овој пат беше еден од  најуништените патишта во овој дел на Македонија на кој со децении наназад не е инвестирано ниту еден денар. Како резултат на таквата состојба граѓаните имаа отежнато движење, времето на патување беше поголемо, а безбедноста во сообраќајот сериозно нарушена, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето на отворањето на патот.

А.Д



Share

Додади коментар