Проект за помош на стари и изнемоштени лица
04-06-2015 РЕГИОН

Пет жени и еден маж се лицата  кои во следните шест месеци ќе извршуваат општинско-корисна работа во рамките на проектот „Од граѓаните за заедницата, Од заедницата за граѓаните“. Денеска Градоначалникот Александар Панов им ги додели решенијата врз основа на кои тие ќе бидат ангажирани  за месечен надомест од 6.200 денари за 20 работни часови со вклучен персонален данок.

Овој ангажман е можност да се стекнат со нови работни вештини, а битно е што за време на периодот на ангажирањето не го губат статусот  корисници на социјална помош. За периодот во кој ќе ја извршуваат новата работа тие ќе пружаат елементарна помош и грижа на стари изнемоштени или инвалидизирани лица во домашни услови. Тоа ќе значи, дружење со нив, плаќање на сметки, набавка на прехрамбени артикли, лекови како и грижа за истите. Проектото предвидува овие услуги на крајните корисници да им бидат достапни неколку пати во неделата.

При доделувањето на решенијата градоначалникот  им посака успешна работа и им нагласи  дека тие врз себе превземаат голема одговорност, но во истовреме доколку со чесна работа и искрен пристап остават добар впечаток ќе создададт услови за продолжување на проектот кој општината го реализира во партнерски однос со Регионалниот центар за социјални работи од Кавадарци.

-          Во соработка со центарот за социјални работи обезбедивме финансии за еден проект кој ќе трае шест месеци и во кој ќе бидат ангажирани шестмина наши сограѓани. Основната цел на овој проект е помагање на стари и изнемоштени лица за секојдевните нивни потреби. Се надевам дека ќе трае повеќе од шест месеци бидејќи недостигот на старски дом во Кавадарци неминовно повлекува и одредени потреби за изнемоштените лица кои неможат да си ги задоволат основните секодневни обврски.  Овие шест лица кои ќе заолжат по четири фамилии, по еден час во секоја фамилија дневно. Ќе работат четири часа во денот и ќе им помагаат во секојдневните потреби на овие лица.  Се надевам дека овој проект ќе продолжи да се реализира се до моментот додека се изгради старски дом. Сигурен сум дека ваквата потреба од ваков дом ќе биде и по изградбата на старски дом бидејки сепак ке имаме стари лица и фамилии кои нема да можат  да го подмират трошокот за старски дом и ќе имаат потреба од наши сограѓани – рече градоначалникот Алксандар Панов.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар