Продолжува санацијата на фасади на зградите во центарот на Кавадарци
20-06-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за Кавадарци.


Деновиве привршува ревитализацијата на зградата позната како „Југопластика“. Ова е четвртата од вкупно 13 згради на кои ќе се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.
Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Потоа се работеше на зградите бр.51, и бр.53, на ул.„7-ми Септември, информираат од општинската прес служба.


Во наредниот период ќе се продолжи со градежни работи на зградата бр.32 (стара Автобуска) на ул.„Илинденска“. 



Share

Додади коментар