Во Кавадарци продолжува реконструкцијата на фасади на станбени згради. Од општината го објавија редоследот на овие молеро-фарбарски активности за 14 згради кои се наоѓаат во градот.
Фирмата „Автоматско технолошки системи“ ДООЕЛ Скопје до 13 април ќе ја реконструира фасадата на зградата на улица „7 ми септември“ бр 64, а потоа ќе продолжи со реконструкција на зградата со број 70. Од 26 мај до 29 јули ќе се работи на обнова на фасадата на згради на ул. „Блажо Алексов“ бр 1 и бр.51.
Градежната фирма Градба Промет ги реконструира фасадите на две згради на улица „Беласица“ и според предвидената динамика, нивната обнова треба да заврши до 10, односно 15 април. Потоа до 15 мај, ќе следи реконструкција на фасадат на зграда на ул „Игман“ бр.19.
Од 16 април екипи на Градба Промет ќе работат на реконструкција на фасадата на зграда на 29 ноември бр.20 , па следи зградата на истата улица со број 24. Во август и септември ќе се реконструираат згради на ул. „Цветан Димов“, а од октомври до декември на улица „Ѓуро Салај“ бр.15.
Во изминатиот период целосно беа реконструирани фасадите на повеќе станбени згради во централното градско подрачје, ваташките згради, и други објекти за колективно домување, но и на институции, со што се доби современ лик.
A.Д

Додади коментар