Општината Кавадарци преку ангажираната компанија „Бетон“ од Скопје, започна со ревитализација на уште една улица од проект за Реконструкција на главните улици.
Деновиве се работи на подготовка на теренот за завршната операција поставување на нов слој на асфалт, на делот од булеварот каде има најголеми оштетувања.
Градежната оператива согласно проектот постави нови рабници на коловозот кај хотел ФЕ-НИ. По ова ќе уследи гребење на стариот асфалт и подготовка на коловозните ленти за завршното асфалтирање.
Ревитализацијата на оваа улице е во склоп на проекот МСИП на Општината, Европската Унија и Светска Банка.
Во рамките на програмата за комунална изградба Општина Кавадарци релизира проект за поплочување на дел од тротаорот на булеварот „Никола Минчев“.
Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци е во фаза на поставување тампон на тротоарот од страната на новиот зелен пазар. На оваа позиција ќе се постават бехатон коцки на површина од 450 метри квадратни. Претходно на таа делница на местото на старите се поставија нови рабници.
Со овој проект општината ќе урбанизира уште една делница од тротоарот на булеварот во правец кон спојот со „Северен булевар“.
Општина Кавадарци предаде на користење на граѓаните уште еден успешен комунален проект. Градежната оператива на ангажираната фирма „КОП Инжинеринг“ од Скопје заврши со поплочување на дел од тротоарот на улицата Западен булевар на делницата од паркингот кај Градската капела до паркингот на ВВ „Тиквеш“.
На вкупна површина од 650 квадратни метри се поставија бехатон коцки, а на спојот со тревникот и мали рабници.
Со реализацијата на овој проект општината заокружи урбанизација на дел од „Западен булевар“ каде се изгради и најголемиот и најдобро уреден кружен тек во градот, кај Винарската визба „Тиквеш“.

Додади коментар