07/11/2015 КАВАДАРЦИ - Општина Кавадарци продолжува да ја спроведува постапката за јавно приватно партнерство за зонско паркирање во градот. Тоа е еден од начините за решавање на проблемот со паркирање, кој е посебно изразен во пазарните денови.
На последната седница беше донесена одлука за отпочнување на постапка за доделување на договор за концесија за давање на услуги за паркирање. Советниците од опозицијата гласаа против ваквата одлука. Нивните аргументи се дека многу подобро би било за општината да формира јавно претрпијатие кои ги инкасирало по 300 илјади евра годишно наместо паркирањето да му биде доделено на приватен партнер кој би одвојувал 40-тина илјади евра годишно за општината.
Во одлуката што ја подржа мнозинството во советот, се наведува дека оправданоста за доделување на договр за конецесија произлегува од потребата за одржување и користење на јавниот простор за воспоставување на организиран режим на паркирање преку користење на затворените паркинзи и јавните површини, бидејќи општина Кавадарци не располагала со буџетски фискален капацитет кој може да обезбеди ефикасен начин за организирање на зонско паркирање.
Со доделувувањето на паркинг просторот на приватен партнер ќе се превземе обврската да се обезбедат предуслови за давање на услугата паркирање, преку набавка на основни средства и опрема.
Целите кои треба да се постигнат со зонското паркирање преку јавно приватно партнерство се, уредување и организирање на нов, модерен и автоматизиран начин на управување и контрола со уличното паркирање, како и на паркирањето од затворен тип, набавка на опрема за давање на услугата паркирање од приватниот партнер, зголемување на квалитетот на услугите за паркирање, подобрување на сообраќајниот тек и поголема безбедност низ улиците во Кавадарци, како и зголемување на искористеноста на секое паркинг место.
Проценетата вредност на договорот за концесија изнесува 269.922 евра. Постапката за доделување на договор за концесија ќе се спроведе преку отворен повик, согласно законот за јавни набавки. За да се спроведе оваа постапка градоначалникот ќе формира посебна комисија составена од по еден претставник од позицијата и опозицијата, како и нивни заменици кои ќе ги одреди комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Ангел Данов
Додади коментар