Продолжува поморот на риби на Тиквешко Езеро - штетите се огромни
23-10-2020 РЕГИОН
Поморот  на риби во рибници на Тиквешкото Езеро зема поголем замав и води кон катастрофа. Сопствениците на „Златен крап“ и „Дошница“ се соочуваат со огормни загуби на крап, кој го одгелдуваат во кафезен систем.
 
 
„Во последните 2 дена нивото на водата продолжува да паѓа, од моментот кога се појави проблемот до денес е пониско за најмалку 1 метар, а состојбата на кислородот во водата иста.  Ние продолжуваме да ги чистиме рибите од површината и штетата за нас е се' поголема“ ни рече Љупче Танев, сопственик на „Златен крап“.
 
 
Тој објаснува дека заклучно со денес загубиле десетина тони риби, а во другиот рибник на компанијата „Дошница“ има помор на околу 25 тони.
 
А.Д
 
 
 
 
 


Share

Додади коментар