Продолжува обновувањето на фасадите на зградите во центарот на Кавадарци
15-08-2019 РЕГИОН
Продолжува проектот за обновување на фасадите на зградите во централното градско подрачје.
Оперативата на ангажираната фирма „Метал Апостолов“ започна со обнова на фасадата на зградата „Тутунска“ на улицата „Илинденска“. Ова е шестата зграда на која Општината врши фарбање на фасадата, обнова на сачокот и олуците.
Според проектот остануваат да се обноват фасадите на уште шест згради - информираат од општината.

Додади коментар