Продолжува доградбата на патеките на кејот на реката Луда Мара
10-02-2021 РЕГИОН
Деновиве продолжува изградбата на петеката од левата страна на кејот шеталиште, на последната делницата од кејот во должина од 680 метри. Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје вградува тампон како подлога за поставување на бехатон коцки.
 
 
Во оваа фаза од изградбата на кејот-шеталиште треба да се доизгарaдат пешачките патеки на двата брега. Во завршната фаза ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема - информираат од локалната самоуправа.
 
 
Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари. Парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.
 
 
Урбанизираниот кеј ќе биде долг три километри од ул. „Страшо Пинџур“ кај мостот на излезот од Ваташа на југ, до мостот „Белка“ кај Булеварот „Видое Смилевски“ на север.
 
 
 


Share

Додади коментар