Продолжија средбите на градоначалникот со вработените во локалните институции
29-01-2014 РЕГИОН

До крајот на оваа година ќе започне да се реализира проект за нова противпожарна зграда во Кавадарци преку јавно-приватно партнерство, со што ќе се подобрат условите за работа на противпожарната служба. Ова денеска им го соопшти градоначалникот Александар Панов на пожарникарите на работната средба што ја имаше со нив.

 

Панов рече дека општината има досега најмалку инвестирано во противпожарната служба, но во наредниот период ќе бидат превземени низа на активности со кои ќе се подобрат условите за работа на пожарникарите. Нагласи дека противпожарната единица е опремена со солиден возен парк и дека во изминатиот период беше на висина на задачите.

 

Панов денеска во рамки на средбите со вработени во институции кои се во надлежност на општината имаше работна средба и со вработените во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“.

 

Панов рече дека во дворот на училиштето по завршувањето на потребната урбанистичка документација ќе започне изградбата на најавената  детска градинка. Исто така во училиштето ќе биде реализирани владиниот проект за изградба на спортска сала.

 

А.Д

 

 

 



Share

Додади коментар