Продажба на парцели во индустриска зона „Црвени брегови“ Неготино
25-06-2013 РЕГИОН

Општина Неготино објавуви продажба на градежни парцели на површина од 30 хектари во индустриската зона „Црвени брегови“ во централното подрачје на Македонија. Станува збор за продажба на 13 локации со различна површина од 13.000 до 35.000 м2 наменети за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи, со можност за изградба и на капацитети од лесна и незагадувачка индустрија и стоваришта.

Индустриската зона „Црвени брегови“ е со извонредна местоположба и во нејзина непосредна близина се главните транспортни центри главниот автопат Скопје – Гевгелија и железничката станица Неготино.

Од локалната самоуправа се надеваат дека со Развој и промоција на индустриската зона „Црвени Брегови”, како и проширување на индустриската зона „Дуброво” и бенефиции за инвеститорите ќе се отворат и нови работни места.

Б.Н.Т



Share

Додади коментар