Огромниот интерес од страна на бројни домашни и странски правни и физички лица за Индустриската зона Неготино, се покажа и деновиве.
Имено на одржаното јавно наддавање спроведено од страна на стручна комисија се продадоа сите 10 понудени на продажба градежни парцели во Индистриската зона „Неготино“ кај Црвени Брегови наменети за изградба на објекти од лесната и незагадувачка индустрија.
Станува збор за парцели кои се со различна површина и се движат од 4.300 до 18.315 метри квадратни, односно на јавното наддавање се продаде градежно земјиште на површина од 12,5 хектари.
И на предходното јавно наддавање беше комплетно успешно, бидејќи и тогаш во Индустриската зона „ Неготино “ се продадоа градежни парцели на површина од 12,5 хектари.
Додади коментар