Неколку дена порано за разлика од минатите години ќе се се одржи годинава стопанско-туристичката и културна манифестација Тиквешки гроздобер. Годинава грозодберската програма започнува со отворање на изложба насловена „Скулптурата во Кавадарци“ чии автори се уметници од Кавадарци. Потоа ќе има дегустации на вина од тиквешки винарии и презентација и дегустација на повеќе сорти на грозје. Ќе се одржи и кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“, а вечерта за љубителите на убавата песна на легенадарниот Никола Бадев ќе се одржи „вечер на виното и песнат, по што ќе следи настап на Христијан Тодоровски, Ареа, Ди џеј Саф, а на полноќ ќе се избираат кралица и крал на виното.
Во сабота гроздоберската програма започнува со кинолошка изложба, потоа следува изложба на олдтајмери, па турнир во табла. По изложбата на фотографии „Замоци, Дворци и спомениците на УНЕСКО“ во република Чешка ќе започнат централните активности од годинашниот гроздобер, винскиот карневал и концертите на Црвена Јабука и Оливер Драгоевиќ.
Првиот дел од програмата во недела на 30 август е наменета за најмладите. На градскиот плоштад ќе има улични забавувачи, детска музичка програма, а на пладне ќе започне детскиот карневал. Попладне ќе се избираат најдобри вина, а од21 часот е планиран настапот на Наташа Малинкова, Супер хикс, трибуте бенд.
А.Д
Додади коментар