Проблемите на лицата со попреченост содржани во локални стратегии
27-02-2019 РЕГИОН
Здружението на лица со церебрална парализа од Велес го реализираше проектот ЛАПЛИ кој има за цел да ги зајакне неладините организации во насока на подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.
Денеска во Кавадарци се одржа завршната конференција на која беа презентирани локалните стратегии за помош на овие лица за општините Кавадарци, Градско и Чашка, кои беа дел од проектот.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во обраќањето на завршната конференција даде ветување дека ќе продолжи неговата поддршка да се создаде општество еднакво за сите.
А.Д

Додади коментар