Луѓето живеат додека траат сеќавањата за него а за Ристе Соколов Сокол неговите сограѓани, колеги ,блиски пријатели и роднини имаат многу сеќавања затоа што тој беше човек кој живееше за уметноста. Зад себе остави огромен опус на вредни ликовни дела, изгради добри меѓучовечки односи меѓу уметниците во Друштвото на ликовните уметници на Кавадарци, беше првиот уметник кој во карневалската поворка на Тиквешкиот гроздобер во живо сликаше пред огромен аудиториум, неговите ликовни перформански сеуште не се надминати, секогаш беше тука за кавадарчани по било кој повод да остави и подари уметничко дело.
Организираше неколку ликовни колонии од кои најбројни се ликовните колонии „Хотел Фени“ Хотел „Вила Тодоров“ на Кожув Планина . Заедно со Деан Мелов сопственик на ресторанот „Астрато“ три години по ред 2010, 2011, 2012 година ја реализираа манифестацијата „Недела на виното и уметноста“.
Манифестацијата „Пријателите за Сокол 2016“која по повод неговиот 59 роденден во организација на неформалната група уметници „Сокол Арт“ во саботата се одржа во ресторанот „Астрато“. Сеќавањето на Ристе Соколов беше осмислено со изложба на негови дела и дела кои заеднички ги реализирал со своите пријатели, со стихоби на авторот Марјан Тодоровски, во живо сликаше Трајче Јованов, за музиката беа задолжени Пепи и Перо а се да биде во знакот на традицијата се дегустираше вино на приватната винарија ЏМН на семејството Наумчеви.
Mирјана Мукаетова
Додади коментар